Работен состанок за унапредување на родовата еднаквост и родовата перспектива во одбраната

Мапирањето на најдобрите практики и политики преку конкретни примери во интегрирањето на родовата еднаквост во одбраната, како и развојот на стратегии и механизми за унапредување на родовата перспектива е темата на денешниот работен состанок насловен „Зајакнување на регионалната соработка за родовата интеграција во рамките на реформите во безбедносниот сектор во Западниот Балкан“.

На работниот состанок ко-организиран од Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и SEESAC учествуваа претставници од Министерството и од Армијата, кои се дел од Работната група за интеграција на родовата перспектива во овие институции.

Во рамки на петте засебни сесии, учесниците разговараа за механизмите за родова еднаквост, регионалната соработка, користењето на родово сензибилизирани податоци во развојот на политиките за човечки ресурси, механизмите за психичко и сексуално вознемирување на работно место, како и за подигањето на родовата свест и унапредување на родовата обука во Министерството и Армијата.

Денешниот работен состанок овозможи размена на искуства, информации и научени лекции, а придонесе и кон утврдувањето на идните чекори во интегрирањето на родовата еднаквост со цел натамошно унапредување на условите и кадровските политики за развој во кариерата како и поефикасно привлекување на нови квалитетни кадри во Министерството и Армијата.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail