Северна Македонија меѓу 11 сојузници кои ја лансираа иницијативата за создавање на НАТО мрежа за летачка обука во Европа

Slika_potpisuvanjeМинистерката за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со уште 10 министри за одбрана од земјите – членки на Алијансата потпишаа Писмо за намери со што ја лансираа мултинационалната иницијатива за создавање на НАТО структура за летачка обука во Европа.

Оваа иницијатива ќе овозможи воспоставување на мрежа на Центри за обука на пилоти кои ќе ги исполнат потребите на повеќе европски сојузници за обука на пилоти, кои самите не развиваат ваков вид на капацитети. Оваа мрежа ќе влијае на уште поголема интероперабилност помеѓу сојузниците, ќе ги намали трошоците за обука на пилоти и е вистински пример за концептот за споделување на товарот помеѓу земјите – членки на НАТО.

Северна Македонија во оваа инцијатива го вклучува Центарот за обука на пилоти кој ги вклучува и двата модернизирани симулатори за хеликоптерите Ми-17 и Ми-24.

Министрите за одбрана на Бугарија, Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, Црна Гора, Португалија, Романија, Шпанија, Турција и министерката Шекеринска, Писмото за намери го потпишаа виртуелно, веднаш по завршувањето на министерскиот состанок на НАТО.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail