Објавен јавен оглас за прием на 125 професионални војници во Армијата

Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Ги повикуваме сите млади и мотивирани граѓани на нашата татковина, кои ги исполнуваат условите наведени во Јавниот оглас, да се пријават и да станат дел од Армијата на Република Северна Македонија, која наскоро ќе биде и Армија на НАТО. Војничката професија нуди исклучителни можности за напредување, за личен развој и за напредување во кариерата.

Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk. Рокот за пријавување е 15 дена.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail