Нови беретки за Армијата

Согласно Уредбата за униформи на Армијата на Република Северна Македонија, од почетокот на годинава нашите армиски припадници се опремени и со нови беретки кои се составен дел на борбената униформа. Беретките се во различна боја, во зависност од единицата на која припаѓаат војниците. Беретките во црна боја се доминантни бидејќи нив ќе ги носат сите армиски припадници освен баталјонот за специјални намени чии беретки се во темноцрвена боја, ренџерскиот баталјон со зелена боја и воената полиција која ќе носи беретки во темносина боја.

Со оваа најнова набавка војниците и старешините на нашата Армија ќе бидат со комплетно нова опрема – нови чизми, нови униформи и нови капи односно беретки.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail