Мониторингот на животната средина за време на вежбата „Одлучен удар“ потврди дека нема штетни последици по природата, граѓаните и нивното здравје

Мониторингот на животната средина извршен за време на вежбата „Одлучен удар“ во соработка со лабораторијата „АМБИКОН“ на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ и институтот за јавно здравје покажа дека во текот на вежбата не се предизвикани никакви штетни последици по природата, граѓаните и нивното здравје.

Министерката Шекеринска при денешната посета на „Криволак“ информираше за резултатите од мерењата, а истакна и дека овој тип на мониторинг на животната среди ќе стане стандард при изведување на ваков тип на вежби.

Професорот Дејан Мираковски, проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и раководител на теренската лабораторија за животна и работна средина, „АМБИКОН“ детално го објасни мониторингот и добиените резултати кои го потврдија фактот дека не постои загадување на животната средина од вежбовните активности.

„Мониторингот беше перманентен од 30 мај заклучно со 30 јуни. Се мереа во реално време концентрациите на суспендирани цврсти честички. Генерално по периметарот ниту еден од резултатите не ги надмина дозволените норми за 24-часовна вредност. Во просек се движат од 20-30 микрограми на метар кубен. На една од локациите во кампот на војниците беше поставен и гравиметриски сеплер кој што служи за проверка на хемискиот состав на прашината. Беа анализирани сите неоргански елементи – значи типична прашина, соодветна на геолошкото потекло на подлогата во зоната на Криволак. Ниту еден од тешки метали не е надвор од дозволеното, дури и некаде ги нема“, објасни професорот Мираковски.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail