Министерството за одбрана – на прво место според Индексот за активна транспарентност

FOTO_1Министерството за одбрана е лидер на листата на сите институции на централно и на локално ниво во активната транспарентност, објави денеска во својот годишен извештај на Индексот на активна транспарентност 2020 на Центарот за граѓански комуникации.

Тоа е скок за 40 места според активната транспарентност на министерството за одбрана, за само три години.

„За првпат во последните пет години откако се изработува овој индекс, едно министерство се наоѓа на врвот на табелата. Годинава на прво место со најголема активна транспарентност е Министерството за одбрана.

Најголем пораст има кај Министерството за одбрана, кое со 97,9 % е најдобро рангирано министерство, но и најдобро рангирана институција од сите 98“ стои во извештајот.

Под „активна транспарентност“ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.

Последните три години беа направени големи чекори напред во однос на достапноста на информациите за работењето на министерството за одбрана. Фактот дека последните години сме во врвот, а годинава на првото место покажува дека Министерството за одбрана како одговорна институција не отстапува од зацртаната определба да биде целосно отворено за јавноста и граѓаните за кои и постоиме.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail