Министерката Шекеринска положи венец во спомен на загинатите припадници на резервниот состав на Армијата кај Љуботенски бачила

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска во касарната „Илинден“ положи венец со свежо цвеќе на Споменикот на загинатите бранители, во спомен на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа кај месноста Љуботенски бачила.

На Споменикот на загинатите бранители, венци положија и членови на нивните семејства и делегација од кабинетот на Претседателот на државата.

На овој ден, пред 19 години кај Љуботенски бачила загинаа Томе Бадаревски, Бранко Јанев, Марјанчо Бошковски, Раде Јанковски, Гоце Чанкуловски, Томислав Настевски, Ивица Златевски и Томе Димоски.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail