Министерката Шекеринска го отвори семинарот „Законодавни релации во одбраната“

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Здружената оперативна команда на Армијата, во касарната „Боро Менков“ во Куманово го отвори семинарот на тема „Законодавни релации во одбраната“, организиран од Министерството за одбрана и американската Канцеларија за одбранбена соработка.

Министерката Шекеринска на отворањето на семинарот ја потенцираше важноста на усогласеноста на законските регулативи во периодот на пристапување во Алијансата, а се осврна и на предизвиците и очекувањата за Министерството и Армијата како 30. земја – членка на Алијансата.

Учесниците на отворањето ги поздравија и командантот на Здружената оперативна команда, генералот Павле Арсоски и в.д. амбасадорката на САД, Микаела Швајцер-Блум.

На семинарот кој ќе се реализира оваа недела, ќе предава тим од Постдипломското училиште на морнарицата на САД, а учесници се претставници на Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи и Секретаријатот за законодавство, како и пратеници од Комисијата за одбрана на Собранието.

На првиот ден од семинарот, учесниците извршија обиколка на единиците во кумановската касарна, а имаа и војнички ручек со војниците на Здружената оперативна команда.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail