Министерката Шекеринска во Крушево по повод одбележувањето на Денот на Републиката – 2 Август, Илинден

Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ја предводеше делегација на Владата денеска во Крушево по повод одбележувањето на Денот на Републиката – 2 Август, Илинден кој оваа година се чествува под слоганот „Победа за сите“.

По повод Националниот празник Илинден, министерката Шекеринска во придружба на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески положи венци со цвеќе на гробот на Никола Карев во Македониумот, на споменикот на хероите во месноста Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен.

„Со гордост се поклонив на спомениците на Илинден во Крушево – на гробот на Никола Карев во Македониумот, на споменикот на 40те херои и на Мечкин камен. Денеска ги славиме Илинденците – хероите кои се бореа за слобода и оние по нив кои се бореа за државност! Се поклонив со гордост бидејќи го исполнивме заветот на нашата генерација – независна и слободна држава, денеска членка на НАТО, признаена и рамноправна со најмоќните, на сигурен пат за членство во ЕУ. Тоа е нашиот долг кон предците и нема да отстапиме! Честит Ден на Републиката!“ стои во честитката на министерката Шекеринска по повод Денот на Републиката.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail