Одржан еднодневен семинар за „Придобивките од членството на Република Северна Македонија во НАТО“

Заменикот – министер за одбрана, Беким Максути денеска во просториите на Министерството го отвори еднодневниот семинар посветен на придобивките од членството на нашата држава во НАТО – Алијансата.

Учесници на семинарот беа десет студенти и тројца професори од Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, а презентации одржаа шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, полковник Зоран Јанковиќ, како и раководителот на Секторот за политика и планирање во Министерството, полковникот Зоран Секуловски.

Еднодневниот семинар се реализира во рамките на практичниот дел по предметот Меѓународни организации на Правниот факултет.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail