Николиќ: Република Северна Македонија го имлементира кризниот менаџмент за намалување на ризиците и обезбедување мир, безбедност и просперитет на своите граѓани

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ денеска во Домот на Армијата го отвори дводневниот семинар „Менаџирање со кризи и кризни состојби“ чија цел е унапредување на знаењата и размена на искуства за подобрување на системот за управување и координација на кризниот менаџмент.

„Кризниот менаџмент претставува нов безбедносен концепт и поинаков приод во процесот на справувањето со новите безбедносни предизвици имајќи ја предвид состојбата на целосно различната природа на ризиците со кои денес сè почесто се соочуваме. Кризниот менаџмент во најголем дел, во најголем број современи општества се заснова врз принципите кои што ги имаат усвоено колективните безбедносни системи и заради вака глобална комплексна состојба  се најде многу високо во безбедносните агенди на Обединетите Нации, ЕУ и НАТО.  И нашата држава ги презема сите потребни мерки за имплементација на кризниот менаџмент во спроведувањето на политиките за превенција и намалувањето на ризиците и обезбедување на мирен и безбеден просперитет на своите граѓани“, рече државниот секретар Драган Николиќ пред присутните.

Николиќ додаде дека соработката помеѓу Министерството и Филозофскиот факултет ќе се продлабочува, и тоа преку заеднички активности во одбранбениот и безбедносниот сектор, активности наменети за вработените во одбраната, сите останати органи и агенции поврзани со справувањето со кризите и елементарните непогоди во нашата држава.

Учесници на дводневниот семинар кој го организираат Министерството и Филозофскиот факултет –Институт за безбедност, одбрана и мир,се претставници од Министерството за одбрана и Армијата, професори, експерти, како и претставници од органите на државна управа кои се вклучени во процесот на справување со кризи и кризни состојби.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail