Државниот секретар Николиќ положи венец со свежо цвеќе на спомен – плочата кај Карпалак

Делегација од Министерството и Армијата составена од државниот секретар Драган Николиќ и началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Васко Ѓурчиновски, денеска на спомен плочата кај Карпалак, положи венец со свежо цвеќе во спомен на десетмината бранители, припадници на Армијата кои во 2001 година го загубија својот живот кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово.

Кај Карпалак загинаа бранителите Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Делегација од Министерството и Армијата положи венец со свежо цвеќе и на спомен обележјето „Карпалак“во Прилеп.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail