Отворена обуката „Градење интегритет“ за високото раководство во Министерството за одбрана и Армијата

Од денеска до 13 јуни во организација на Министерството за одбрана во соработка и поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство се реализира обука на тема „Градење интегритет за високото раководство“. Оваа обука е резултат на високото ниво на одбранбена соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство и претставува континуиран развој на градење интегритет и презентациски вештини на раководниот кадар во Министерството за одбрана, Армијата и претставниците на другите органи на државна управа.

На денешното отворање на обуката се обрати Заменик амбасадорот на Обединетото Кралство, Доминик Отвеј кој најнапред ја истакна поддршката на Обединетото Кралство за членството на нашата земја во НАТО и рече дека нашата земја во процесот на интеграција ја препознала важноста на градењето интегритет и се посветила кон унапредување на состобите.

„Како што се приклучувате во НАТО, Обединетото Кралство ќе продолжи да ги поддржува реформите во одбраната и пошироките амбициозни реформи што оваа влада се обврза да ги постигне. Курсот за „Градење интегритет“ оваа недела е еден важен дел од нашето билатерално партнерство.“ рече заменик амбасадорот Отвеј.

Полковникот Маријо Јуришиќ од Секторот за човечки ресурси во своето обраќање пред присутните кажа дека доброто владеење го подобрува функционирањето на системот и нè доближува дополнително до стандардите на НАТО. Работењето со интегритет не значи само да се пренесуваат принципи и морал во работењето туку и одговорно да се донесуваат одлуки – рече Јуришиќ.

Обуката ќе ја спроведат обучувачи од Обединетото Кралство, Лесли Пелет и потполковник Дејв Ален, а покрај претсавници одМинистерството за одбрана иАрмијата учествуваат претставници и од Царинската управа, Министерството за внатрешни работи и Министерство за финансии.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail