Башким Хасани стапи на функцијата заменик-министер за одбрана

Денеска во Министерството за одбрана беше извршено примопредавање на функцијата заменик – министер за одбрана, од досегашниот, Беким Максути, на новоназначениот заменик министер, Башким Хасани.

Заменикот министер Максути му честиташе на новиот заменик – министер Хасани за назначувањето на оваа одговорна функција и му посака добра и успешна работа на новата позиција.
Хасани, пак, му се заблагодари на поранешниот заменик – министер Максути за придонесот за време на неговиот мандат и му посака успех во идните предизвици.

Заменикот – министер Хасани се сретна и со министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска, со која се заложија сите процеси за развој во Министерството да се одвиваат со заеднички напор и со голема посветеност.

Фокусот и понатаму ќе биде ставен на неколку приоритети на Министерството, како што се подобрувањето на условите на припадниците на Армијата, модернизација и опремување на вооружените сили, продолжување на одржување на високо ниво на транспарентност и јавност во работењето на Министерството и секако стабилно финансирање на одбраната, што е основа за реализација на сите останати цели на Министерството.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail