Први мултилатерални разговори меѓу нашата држава и НАТО, по полноправното членство во Алијансата 

1Денеска преку видео телеконференциска врска се одржаа мултилатерални разговори меѓу Република Северна Македонија и НАТО. Ова се први разговори од овој формат кои нашата држава ги одржа како полноправна членка на Алијансата во рамките на НАТО процесот на одбранбено планирање. Делегацијата на Република Северна Македонија беше предводена од Државниот секретар во Министерството за Одбрана, Драган Николиќ.
Во рамките на разговорите пред Комитетот на НАТО за одбранбено планирање беа презентирани плановите за финансирање на одбраната, трансформација и опремување и модернизација на вооружените сили до 2028. година. Притоа од страна на државниот секретар Николиќ беше истакнато дека во услови на КОВИД–19, Република Северна Македонија останува посветена на утврдените приоритети за развој на способности согласно стандардите на НАТО.
Уште еднаш беше истакната цврстата определба на нашата држава за долгорочно и стабилно финансирање на одбраната, согласно заклучоците од Самитот на Алијансата во Велс од 2014. година. И покрај КОВИД-19 предизвиците со кои се соочува Република Северна Македонија, сепак нема отстапки од плановите и приоритетите за достигнување на 2% од БДП до 2024 година.
Од страна на сојузниците беа поздравени одбранбените планови, како и определбата за рационално користење на ресурсите за опремување на декларираните сили со модерна опрема.   Беа дадени препораки за одржување на плановите за раст на буџетот во одбраната, како и за реализација на приоритетите за опремување и модернизација на вооружените сили до 2028. година. Исто така, беше поздравен и придонесот на Република Северна Македонија во меѓународните операции.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail