Директорот на Центарот за безбедносна соработка – RACVIAC на средби со заменикот министер и државниот секретар во Министерството за одбрана

Директорот на Центарот за безбедносна соработка – RACVIAC, чиј член е и Северна Македонија, пензионираниот генерал мајор Јероним Базо во Министерството се сретна со заменикот – министер за одбрана Беким Максути, и со државниот секретар Драган Николиќ. Ова претставува прва посета и први официјални средби на пензионираниот генерал Базо со претставници од Министерството за одбрана по преземањето на функцијата директор на Центарот.

На средбите, Директорот на RACVIAC се заблагодари за постојаната поддршка која ја дава Министерството за одбрана во реализирање за задачите и обврските на RACVIAC. Генералот Базо ги информираше заменикот – министер и државниот секретар за Планот и програмата на центарот за 2019 година, како и за активностите кои се планираат да се реализираат идната година.

Високите претставници на Министерството за одбрана истакнаа дека RACVIAC е успешен модел за регионална соработка и дека и Министерството и државата ќе продолжат целосно да ја поддржуваат оваа регионална иницијатива.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail